Connect with us

Фудбал

Хаос на Копа Америка: Фудбалери на Уругвај се тепаа со навивачи на Колумбија (ВИДЕО)

 По последниот судиски свиреж во полуфиналниот натпревар од Копа Америка меѓу Уругвај и Колумбија (0:1), дојде до тепачка меѓу играчите.

Судирот меѓу играчите предизвика немир на трибините, поради што уругвајските фудбалери Роналд Араухо и Дарвин Нуњез се степаа со колумбиските навивачи.

Колумбија ќе се соочи со Аргентина во финалето на Копа Америка. Натпреварот ќе се одигра на 15 јули.

Уругвајците ќе се сретнат со Канаѓаните во мечот за 3. место што ќе се одигра на 14 јули.