Connect with us

Фудбал

Хаос во Холандија, полицијата со пендрак тепала фудбалер и претседател на гостински клуб (ВИДЕО)

Хаос по натпреварот на Легија против АЗ Алкмар во Холандија во рамките на Конференциската лига. Според полските медиуми, холандската полиција употребила прекумерна сила откако ги затворила портите на стадионот и го спречила остатокот од тимската делегација од Варшава да влезе во клупскиот автобус и да се упати кон хотелот.

По тој повод дури и претседателот на полскиот клуб бил удрен со пендрак, а капитенот Жозуе бил приведен во полициска станица. Двајцата биле извлечени од автобусот во кој веќе се спакувале, но само десетина минути подоцна наместо во хотелот биле во полициска станица. Некои полски медиуми јавуваат дека двајцата фудбалери биле однесени со лисици, но фотографиите и видеата кои се појавија на социјалните мрежи не даваат доволно убедлив доказ за тоа.

Полскиот медиум „ТВП Спорт“ наведува дека Жозуе и Радован Панков може да бидат обвинети за нарушување на јавниот ред и мир и напад на службено лице! Во тој случај, тие не би се вратиле во Варшава со остатокот од тимот и прашање е колку долго би останале во притвор… По нив во полициска станица отишол менаџерот на тимот Конрад Пашњевски, кој во придружба на адвокатот на клубот, сака да се бори за слободата на двајцата фудбалери.

Според информациите кои пристигнаа претходно, инцидентите пред стадионот АЗ Алкмар се случиле кога полицијата решила да ги затвори портите на стадионот иако не сите членови на делегацијата на Легија од Варшава го напуштиле стадионот и влегле во автобусот. По тој повод, во конфликт со полицајците влегол претседателот на клубот, Дариуш Миодуски, кој бил удрен со палки во грбот, како и еден удар во пределот на лицето. Вака изгледаше апсењето пред стадионот: