Connect with us

Фудбал

Хаос во Париз пред мечот од Лигата на шампионите-Упаднаа во паб со факели, ги нападнаа противничките навивачи (ВИДЕО)

Њукасл Јунајтед го фаќа „последниот воз“ за втората фаза од Лигата на шампионите, но не може да биде на полошо место да бара бодови. „Страчките“ гостуваат во Париз каде денеска од 21 часот ги пречекува Пари Сен Жермен, а пред натпреварот имавме навивачка увертира.

Ништо ново кога се парижаните во прашање, со факели ги пречекаа гостите во Лигата на шампионите! Во едно кафуле во Париз, каде што беше пријавено дека се собираат Англичаните, настана хаос, па „ревносните“ навивачи на домашниот тим направија пречек. Тие ги нападнаа навивачите со факели и димни бомби, а се заврши со пресметка во која на крајот се вклучи и полицијата. Погледнете ја пресметката меѓу навивачите на Њукасл и Пари Сен Жермен, која само ги продлабочува навивачките конфронтации на европско тло.