Connect with us

Фудбал

Хаос во Сараево, навивачите ги нападнале фудбалерите, не го поштедиле ниту Крсте Велковски

Македонскиот репрезентативец Крсте Велковски и неговите соиграчи од ФК Сараево биле мета на напад на нивните навивачи. Имено, тие влетале на тренингот откако нивниот клуб пропуштил голема предност од 13 бодови во однос на ФК Борец, во финишот на сезоната, па ја изгубил трката за титулата. Тамошните медиуми пишуваат дека имало вербален, но и физички напад, а фудбалерите се обиделе да се одбранат. Само пет фудбалери биле поштедени, а меѓу нив не бил нашиот Велковски.

Од клубот се огласија со соопштение од каде велат дека го осудуваат упадот на навивачите, или како што велат тие, група млади момчиња, а додаваат дека поради брзата интервенција на останатите кои биле присутни бил спречен поголем инцидент.