Connect with us

Фудбал

Хари Кејн доби лоши вести од шефот

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн (27) јавно изрази желба да го напушти клубот.

Одличниот фудбалер сака да замине во клуб со кој има шанса да освои трофеи.

Тоа јасно го стави во едно интервју по крајот на минатата сезона.

“Сакам да играм во Лигата на шампионите. Сакам да бидам дел од големите игри. Никогаш не реков дека ќе останам засекогаш во Спарс, но не реков дека ќе заминам. Исто така, не сакам да жалам за нешто на крајот од мојата кариера”, рече Кејн, па продолжи.

“Мислам дека можам да играм уште седум или осум години. Убеден сум дека можам да бидам уште подобар и да ги подобрам бројките што ги имам во моментот”.

Сепак, првиот човек на Спарс, Даниел Леви нема намера да го пушти Кејн да си замине.

Гардијан пишува дека Леви јасно му ставил до знаење на Кејн дека нема шанси да го пушти без оглед на понудите и дека го сака во клубот.

Кејн е врзан за Тотенхем до 2024 година, а во минатото се поврзуваше со Челси, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед.

Хари Кејн за Спарс одигра 336 натпревари и постигна 221 гол.