Connect with us

Фудбал

Хари Кејн фатален за Динамо

По првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на Европа, Тотенхем обезбеди сигурна предност против Динамо. Резултатот во Лондон веше 2:0.

Тотенхем беше подобар ривал од хрватскиот шампион и на крајот остварија заслужен триумф. Двоен стрелец беше Хари Кејн.

Кејн го отвори резултатот во 25. минута откако го погоди празниот гол по одбиената топка , додека вториот пат го матираше Ливаковиќ во 70. минута.

Предност од два гола пред реваншот оствари и Гранада, која беше подобра од Молде. Шпанците постигнаа по еден гол во двата дела.

Молина погоди во првото полувреме, а Солдадо во второто полувреме. Гостите го завршија мечот со играч помалку по исклучувањето на Елингсен, кој доби два жолти картони за три минути.