Фудбал
Хари Кејн станува еден од најплатените на светот, првиот човек на Тотенхем ја прифатил понудата
Англиските медиуми објавија трансфер „бомба“, според која напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн ќе стане еден од најплатените во светот, а ќе ги сруши рекордите во Англија. Имено, како што се пишува, сопственикот на Тотенхем, Даниел Леви наводно ја прифатил понудата од Манчестер Сити за овој фудбалер во износ од неверојатни 187 милиони евра. Воедно, Кејн ќе добие неделна плата од неверојатни 470 илјади евра, со што ќе стане еден од најплатените на светот. Тоа значи дека тој за една година ќе заработи над 22 милиони евра.
Кејн би требало да потпише договор со Сити за четири или пет години, а освен финансиски сигурно ќе биде задоволен и со фактот што конечно ќе игра за клуб со кој ќе може да се бори за титули.