Connect with us

Фудбал

Хасан Салихамиџиќ задоволен од потписот: Среќни сме што тој е тука …

Хасан Салихамиџиќ го заврши својот прв трансфер ова лето.

Нов член на Баерн Минхен стана млад француски фудбалер Тангуј Нианзу, кој реши да ја прифати понудата на баварските гиганти и да го напушти ПСЖ.

18-годишниот дефанзивец потпиша четиригодишен договор со германскиот шампион, а по неговото пристигнување, еден од лидерите на баварскиот клуб, Хасан Салихамидиќ, го истакна своето големо задоволство.

„Тангуј Нианзу е еден од најталентираните дефанзивци на својата генерација. Баерн уште еднаш потврди дека следат и носат талентирани играчи. Среќни сме што тој потпиша за нас“, рече Салихамиџиќ.

Сепак, тие големи потписи допрва треба да дојдат. Салихамиџиќ го комплетираше и потписот на Лерој Сане од Манчестер Сити и сè треба да биде официјално во наредните денови.