Connect with us

Фудбал

Хави Мартинез ги изненади сите со изборот на нов клуб

Искусниот шпански фудбалер Хави Мартинез го напушти Баерн по девет години.

Хави Мартинез пристигна во Баерн летото 2012 година од Атлетик Билбао за 40 милиони евра, а со многу успех го носеше дресот на германскиот клуб девет сезони.

Сепак, на крајот на минатата сезона беше одлучено Мартинез да го напушти клубот по истекот на договорот.

Баерн не му понуди на Шпанецот да ја продолжи соработката, па ја напушти Алијанц Арената без обештетување.

Се шпекулираше дека овој 32-годишен фудбалер ќе се врати во Шпанија, се поврзуваше со неколку клубови од Ла Лига, но на крајот ги изненади сите со својата одлука.

Имено, Мартинез одлучи кариерата да ја продолжи во Катар, а денес и официјално потпиша договор со спортскиот клуб Катар.

Мартинез се согласи на тригодишен договор со катарскиот клуб и секако финансиски ќе оди многу добро, но тие бројки се уште не се познати.

Шпанецот преку Фејсбук потврди дека потпишал за Катар СЦ, и рече дека ова е ново поглавје во неговата кариера.