Connect with us

Фудбал

Хави Мартинез сонува да се врати во Билбао

Играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Хави Мартинез, наводно, сака да се врати во неговиот поранешен клуб, Атлетик Билбао, ова лето.

Сезоната во Германија заврши, но екипата на Баерн сепак се соочува со предизвици во ЛШ, во август. Сепак, откако ќе заврши „мини турнирот“ од Лигата на шампионите, 31-годишниот Мартинез сака да се врати во Сан Мамес – пишува Диарио Спорт.

Иако Мартинез наводно има понуди од МЛС и Австралија, тој сонува исклучиво да се врати во Билбао.

Искусниот играч од средниот ред има причина да биде оптимист со оглед на тоа што минатата година претседателот на Атлетик, Аитор Елизабеги тврди дека неговиот клуб би бил во добра позиција да го донесе Мартинез доколку има волја од негова страна и од страната на Баерн да го направи трансферот.

Мартинез премина од Атлетик Билбао во Баерн во 2012 година за 40 милиони евра. Тој честопати се бореше со повредите во Минхен, но сепак успеа да собере 234 настапи за Баварците.

Се верува дека Бенат и Микел Сан Хозе ова лето го напуштат Сан Мамес, што ќе отвори простор за трансфер на Хави Мартинез.

Патем, договорот на Мартинез со Баерн важи до летото 2021 година.