Connect with us

Фудбал

Хекинг продолжува да ја предводи Борусија Менхенгладбах уште две години

Борусија Менхенгладбах го продолжи договорот со главниот тренер Дитер Хекинг, соопштено е на клупската  веб-страница.

Новиот договор на 54-годишниот специјалист со бундеслигашот е со важност до 2020 година.

Хекинг е на функцијата од декември 2016 година.

Борусија Менхенгладбах е на второто место, зад водечката Борусија Дортмунд со четири бода заостанување.

МИА