Фудбал
Херојот од сенка ги напушти Кралевите: Малкумина слушнаа за него, а тој беше срцето и душата на Реал!
Иако фудбалерите и тренерот ја сочинуваат славата за успесите, голема заслуга за успехот имаат и другите вработени во клубот.
Пол Бургес е непознато име за многумина, и тој е човек кој е одговорен за одржување на фудбалските терени во Владебебас и стадионот Сантијаго Бернабеу во последните десет години.
Бургес беше срцето и душата на Реал. Најзаслужни зошто sвездите на Реал, како и сите противници играа на теренот што изгледаше како килим.
Тој пристигна во Реал во 2009 година од Арсенал и со неговото пристигнување завршија долгогодишните проблеми со теренот, особено на јужната страна на теренот каде што немаше доволно сонце.
Од доаѓањето на Бургесо, стадионот „Сантијаго Бернабеу“ стана еден од најимпресивните во светот на фудбалот. Истото може да се каже и за тренинг центарот Валдебебас, па неговото заминување сигурно ќе биде голема загуба за Реал.
„Му посакувам на клубот се најдобро. Се надевам дека ќе се вратам на Бернабеу со 80.000 навивачи на трибините и ќе уживам во импресивниот терен и неверојатниот стадион“, рече Бургес.