Connect with us

Фудбал

Херта го официјализираше трансферот

„Старата дама“ од Берлин, Херта БСЦ го официјализираше трансферот.
Дресот на Херта од јануари 2022 година ќе го носи 23-годишниот Норвежанец Фредрик Андре Бјоркан.

Станува збор за играч кој игра на позицијата бек, а вниманието кон себе го привлече со одличните партии во дресот на Бодо Глимт, за кој годинава одигра 35 натпревари и шест асистенции во сите натпреварувања.

Бјоркан е и норвешки репрезентативец за кој има два настапи, а силен печат остави и во јуниорските репрезентации на Норвешка за кои одигра 20 натпревари.

Имајќи предвид дека на 21.31.2021 год. договорот со Бодо Глимт истекува, па во Херта ќе стигне како слободен играч, што ќе биде во корист на берлинскиот клуб.

Според трансфер вредноста, моменталната вредност на Бјоркан е 1,4 милиони евра.