Connect with us

Фудбал

Хисај замена за Врсаљко

Раководните лица на италијанскиот калчо гигант Интер имаат сериозна дилема кога е во прашање иднината на хрватскиот интернационалец Шиме Врсаљко.

Офанзивниот бек актуелната сезона ја одработува како позајмен фудбалер од редовите на Атлетико (М), а Интер на располагање ја има и опцијата за откуп на неговиот договор со понуда не помала од 17.5 мил. евра.

Поради честите повреди, челниците на Интер се во дилема дали да го откупат неговиот договор или пак да ги осигураат услугите на албанскиот интернационалец од редовите на Наполи, Елсеид Хисај, кој на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен играч.