Connect with us

Кошарка

Хјустон ја продолжи победничката серија на гостувањето кај Портланд

До деветти триумф во низа стигна тимот на Хјустон синоќа откако на гостувањето кај Портланд славеше со 124:117. Тие сега ја имаат најдолгата серија победи и се тим со најдобар скор во лигата со 20 победи и 4 порази.

Последната четвртина тие ја добија со 40:19, со што негативата од 84:98 ја претворија во победа. Најефикасен беше Џејмс Харден со 48 поени, додека кај домаќините најдобар беше Дамиан Лилард со 35 поени.

Со кош на 1.2 секунда до крајот Лоу Вилијамс на својот тим ЛА Клиперс му донесе победа над Вашингтон, а тојдуелот го заврши со 35 поени.

Од фаворитите победи ноќеска остварија Кливленд над Филаделфија 105:98 и Сан Антонио на гости кај Феникс 104:101.