Фудбал
Хрватска е во четвртфинале, Ливаковиќ одбрани три пенали (ВИДЕО)
Хрватска се пласираше во четвртфиналето откако дури по изведувањето на пеналите ја елиминираше Јапонија. Херој на Хрватска е голманот Ливаковиќ кој успеа да одбрани дури три пенали во рулетот од 11 метри. Им ги одбрани пеналите на Минамино, Митома и Јошида, а единствено погоди Асано. Во тимот на Хрватска погодија Власиќ, Брозовиќ, Ливаја промаши и на крајот Пашалиќ погоди за потврда на четвртфиналето.
А, претходно во регуларниот дел Јапонија поведе со голот на Маеда во 43-та минута. Хрватска беше подобар противник, Јапонија чекаше шанса од контри. Перишиќ во 55-та израмни на 1:1, што беше конечен резултат во регуларниот дел, но и по двете продолженија од по 15 минути.
Ова е прв меч на ова СП да се решава преку изведување на пеналите. Хрватска за противник во четвртфиналето ќе го има подобриот од вечерашниот дуел помеѓу Бразил и Јужна Кореја кој почнува во 20 часот.