Фудбал
Хрватска и Мароко одиграа без голови, дали ова беше најневозбудливиот меч? (ВИДЕО)
Фудбалерите на селекциите на Мароко и Хрватска одиграа натпревар без голови во 1.коло од групата „Ф“ на Светското првенство во Катар.
Досега веројатно најневозбудливиот натпревар на турнирот се одигра на стадионот „Ал Бајт“, а актери беа Мароканците кои имаат талентирана генерација и вицешампионите на светот. Само по неколку шанси, премалку, кога ќе се земе предвид какви мајстори беа на теренот.
Во првото полувреме не видовме многу, освен тактичко надмудрување.
Дури во финишот на првиот дел Хрватите влегуваат во ситуација да му се заканат на Јасин Боно, кој брани одлична можност на Никола Влашиќ. Недолго потоа со својот удар се обиде и Лука Модриќ, но непрецизно.
Во првите 45 минути Мароканците имаа една таква ситуација кога Хаким Зијеш од слободен удар удри во живиот ѕид. Покрај тоа, „најдобриот играч“ на овој тим – не направи апсолутно ништо.
На почетокот на вториот дел Хрватите се заканија по корнерот на Модриќ, но Боно уште еднаш добро реагираше, а потоа имаше обиди на противникот преку Мазрауи и Хакими, но сега на спротивната страна добар беше Ливаковиќ. Се на се, ова не беше квалитетен натпревар, иако имаше неколку шанси на двете страни.