Connect with us

Други спортови

Хрватска втор пат го освои Дејвис купот 

Хрватската тениска репрезентација е нов шампион во Дејвис купот. „Коцкестите“ во финалето ја совладаа Франција на нејзин терен.  Решавачкиот поен за Хрватска го обезбеди Марин Чилиќ кој попладнево со 3:0, по сетови 7:6, 6:3 и 6:3 го совлада Лук Пуј.

  • За мене ова е посебно чувство, бидејќи сум член на тимот од 2006 година, доживеав многу порази и победи, а сега се чувствувам како светски шампио, изјави Чилиќ по обедата во финалето во Дејвис купот.

Конечниот резултат е 3:1 во победи и нема потреба од одигрување на вториот дуел предвиден за денес. На „триколорите“ не им помогна ниту огромната поддршка што ја добија од преку 25 илјади гледачи на стадионот „Пјер Мороа“.

За Хрватска ова е втор трофеј од Дејвис купот. Првпат Хрватите ја освоија „салатарата“ во 2005 година.