Фудбал
И каменот би заплакал на стадионот на Бока: Ќерката на Марадона во солзи, трибините празни, ништо не е исто (ВИДЕО)
Аргентина сè уште тагува по Диего Марадона.
Марадона почина во средата, а во Аргентина беше прогласена тридневна жалост.
Бока јуниорс синоќа ги совлада Њувелс Олд Бојс со 2:0 и тоа беше дуел помеѓу двата поранешни клубови на Марадона.
Натпреварот од ложата го следеше неговата ќерка Далма, која не можеше да ги сокрие солзите.
Многу плачеше од местото од кое често ги гледаше натпреварите на Бока во присуство на нејзиниот татко.
Публиката не беше на трибините, па навивачите на Бока синоќа не можеа да се простат од Марадона од нивниот омилен стадион …
¡El momento de la noche! Los jugadores de Boca se acercaron a dedicarle el triunfo ante Newell´s a Dalma Maradona, que vivió el partido en el palco de su padre.#DiegoEterno pic.twitter.com/0XWZgli8jn
— ESPN Argentina (@ESPNArgentina) November 30, 2020