Connect with us

Фудбал

И Лука Модриќ се најде во „Пандорините документи“ поради вила вредна 12 милиони евра

Светската јавност неодамна беше изненадена кога беше објавено најголемото истекување на доверливи информации во историјата наречено „Пандорини документи“.

Документите што протекоа во јавноста предизвикаа голем хаос бидејќи го откриваат богатството на околу 35 светски лидери, но и повеќе од 300 службеници од целиот свет, вклучително и неколку луѓе од светот на спортот.

Пред се, фокусот беше ставен на Пеп Гвардиола, кој се најде во „Пандорините документи“ поради неговата тајна сметка што ја има во банка во Андора, а која ја користеше за да избегне плаќање данок во Шпанија.

Покрај Гвардиола, денеска беше објавено дека и името на Лука Модриќ се наоѓа во „Пандорините документи“, но беше потврдено дека Модриќ не направил ништо против законот, но случајно бил таму.

Имено, името на Модриќ се поврзуваше со контроверзниот венецуелски адвокат Густаво Кастро. Тој беше осуден во САД пред две години за наводно перење пари за што неговата сестра го обвини.

По проблемите во Америка, тој одлучи да се пресели во Мадрид, каде што живееше до 2019 година, кога ја продаде својата куќа на Лука Модриќ.

Модриќ ја купи оваа вила за дури 12 милиони евра, а се наоѓа во престижната населба Ла Моралеја. Вилата има десет спални соби, исто толку бањи и дуплекс дневна соба. Исто така, има отворен базен, игралиште за падел, како и теретана, винарска визба, кино, голема гаража, детска игротека и многу повеќе.