Connect with us

Фудбал

И Мурињо го бараше Шаќири, но тој имаше само една желба

Џердан Шаќири ја одби шансата да се пресели во Манчестер Јунајтед, затоа што имаше само една мисла во главата.

Имено, тој сакаше да работи со Јирген Клоп.

Швајцарскиот интернационалец имаше шанса да премине во Јунајтед, според тврдењата на „Блик“. Вест Хем и Саутемптон исто така беа заинтересирани за поранешниот играч на Стоук.

Разговорите со Јунајтед не ни започнаа затоа што Ливерпул успеа да го убеди Шаќири да се пресели на „Енфилд“.

„Блик“ пишува дека шансата да работи со Клоп била пресудна да го одбие интересот на Јунајтед и да премине во редовите на Ливерпул.

Шаќири на почетокот на овој месец зборуваше за Клоп и кажа дека е одушевен од тренерот на „Редси“ подолго време.

„Долго време се воодушевувам на Јирген Клоп затоа што неговиот тим игра фантастичен фудбал и тој е фантастична личност. Важно е дека работам со него и со луѓе кои убаво комуницираат и имаат добар карактер. Зборувавме замо за мојата улога. Ги познава моите квалитети, тој веќе долго време ме следеше. Можам да ги играм сите позиции во нападот, а тоа му помага на тимот“, кажа Шаќири.