Connect with us

Кошарка

И „пеликаните“ ја почувствуваа моќта на Лука Дончиќ

Еден од најголемите таленти кога во прашање е кошарката, Словенецот Лука Дончиќ, уште еднаш ги воодушеви Американците со својата игра во досегашниот дел од сезоната. Првиот кандидат за руки на сезоната овој пат го предводеше Далас во драматичната победа над Њу Орлеанс со 122:119, а на Словенецот му недостигаше еден скок за да го забележи првиот трипл – дабл во кариерата.

Тој против „пеликаните“ забележа 21 поен, девет скока и десет асистенции, а  ги погоди клучните слободни фрлања на 30 секунди до крајот на мечот и му помогна на тимот да стави крај на серијата од шест порази. Трет пат на последните пет натпревари Дончиќ има статистика што во руки сезоната ја имал само Леброн Џејмс.

  • Тоа е неверојатно. Леброн е мојот идол, неверојатно е што ме споредуваат со него. Јас само сакав да победиме, да имавме поголема предност можеби и ќе го бркав тој трипл-дабл. Сепак, само победите ми се важни, а не моите рекорди, рекол Дончиќ.

Кај „пеликаните“ се истакна Ентони Дејвис со 32 поени и 18 скока, но крилниот центар во финишот промаши две тројки, една за водство, а втората за продолженија.

Резултати: Детроит – Вашингтон 106:95, Орландо – Феникс 120:122, Атланта – Индијана 121:129, Бруклин – Шарлот 134:132, Мајами – Торонто 104:106, Чикаго – Минесота 94:119, Мемфис – Кливленд 95:87, Далас – Њу Орлеанс 122:119, Сан Антонио – Денвер 111:103, ЛА Клиперс – Сакраменто 127:118.