Фудбал
И самиот фудбалер го признал судирот: Рибери нападнал новинар по поразот од Дортумунд
Францускиот ветеран кој настапува во Баерн Минхен, Франк Рибери, по саботниот пораз од Борусија Дортмунд во дерби пресметката од 11. коло во Бундес лигата, физички го нападнал новинарот на „Бе ИН Спортс“, Патрик Гију, пренесува „Билд”.
Дека информацијата е точна потврдил и баварскиот гигант преку официјалното соопштение.
– Рибери не извести дека имал судир со својот сонародник кого го познава долги години. Се согласивме дека со него ќе разговараме за да видиме како да го решиме тоа прашање. Гију даде сигнали дека тоа е во негов интерес, изјави Хасан Салихамиџиќ, спортскиот директор на актуелниот германскиот шампион.
Ваквото однесување на Французинот е уште еден доказ дека врие во соблекувалната на баварскиот гигант и дека се поголемо и поголемо е незадоволството на неколку фудбалери од работата на шефот на стручниот штаб, Нико Ковач, кој е посочен како главен виновник за очајните резултати на домашната сцена.