Connect with us

Фудбал

И тоа е можно: Доби отказ од клубот поради видео од „ТикТок“ со неговата девојка објавено на „Инстаграм“ (ВИДЕО)

Младиот италијански фудбалер Мирко Антонучи беше голема надеж за Рома, но поради неговото однесување надвор од терените, тој тешко дека ќе ја добие можноста да игра во дресот на „Волчицата“.

Имено, Антонучи има договор со Рома до летото 2022 година, а римскиот клуб реши да го испрати на позајмица во португалскиот клуб Виторија Сетубал во јануари. Целта беше овој 21-годишник да биде стандарден на овој тим и да остане таму некое време.

Сепак, во Рома беа шокирани кога добија известување од лидерот на Виторија пред неколку дена дека го раскинуваат заемот на Антонучи и дека се враќа во римскиот клуб.

Од Виторија објаснија дека Антонучи бил отпуштен поради неговото однесување надвор од теренот, односно неговиот пост на Инстаграм. Имено, тој заедно со својата девојка на Инстаграм објави видео од TikTok кој го испровоцира гневот на навивачите на клубот Сетубал.

Антонучи го објави видеото само неколку часа по тешкиот пораз од Боависта, а она што предизвика бес кај навивачите е тоа што италијанскиот фудбалер се смееше и се шегуваше со својата девојка. Клубот веднаш реагираше и го испрати Антонучи назад во Рим.

“Мирко Антонучи повеќе не е играч на Виторија. Контактиравме со Рома и го завршивме неговиот заем. Тој не го почитуваше клубот, туку пред се навивачите и заради ваквото неодговорно однесување тој веќе не е играч на нашиот клуб. Секој што го носи овој дрес мора да биде внимателен како се однесува на теренот и особено надвор од него, затоа што тие ја претставуваат Виторија“, рече првиот човек на клубот, Џулио Веласкез.