Тајмаут
Иако се уште не се разведе од Мауро Икарди, Ванда има ново момче – 24-годишен фудбалер на Бока Јуниорс
Ванда Нара пред само неколку дена на социјалните мрежи објави дека категорично се разведува од сопругот Мауро Икарди, а сега се појавија информации дека веќе има ново момче.
Таа наводно е во врска со 24-годишниот аргентински фудбалер Мартин Пајеро. Овој офанзивен играч за врска ја започна кариерата во Банфилд, а потоа играше во Тајерес. Следен чекор во неговата кариера е трансфер во англискиот клуб Мидлсброу.
Таму не се претстави во најдобро светло, па се врати во Аргентина, а моментално игра како позајмен во Бока Јуниорс.
Пајеро наводно бил виден како ја бакнува Ванда во ноќен клуб во Буенос Аирес. Освен што формално е сопруга на Икарди, Ванда е и негов менаџер.

Интересно, таа започна врска со Мауро додека беше во брак со фудбалерот Макси Лопез, инаку голем пријател на Икарди, па останува да видиме дали историјата некако ќе се повтори.
Оваа контроверзна менаџерка е позната и по провокативните фотографии кои често ги објавува на социјалните мрежи.