Connect with us

Фудбал

Ибра и Донарума со хеликоптер итно во домот на менаџерот, во прашање нивната иднина во Милан

Донарума и Ибрахимовиќ го напуштија Миланело со хеликоптер.  Според „Газета дело Спорт“ тие одлетале во домот на нивниот менаџер Мино Рајола.  Двајцата се негови клиенти, а на двајцата им истекуваат договорите. Ибра по завршувањето на сезоната е слободен, додека Донарума има договор до 2021 година.

За голманот има оптимизам за нов двегодишен договор, додека за Ибрахимовиќ ситуацијата е комплицирана. Веќе постојат информации дека нема да ја продолжи соработката, но останува да се види што ќе му ветат челните луѓе на Милан.