Connect with us

Фудбал

Ибра откри каде ќе ја заврши кариерата

Златан Ибрахимовиќ го продолжи договорот со Лос Анџелес Галакси и откри дека својата богата фудбалска кариера ќе ја заврши во американската МЛС лига.

  • Имаше многу приказни и секакви натписи дека ќе си заминам од САД. Сепак, јас дојдов тука за да ја завршам мојата кариера, изјави Ибрахимовиќ.

Од преселбата во ЛА, шведскиот интернационалец одигра 27. натпревари на кои постигна 22 погодоци и запиша 10 асистенции.

  • Доволно се загревав во Америка. Втората сезона ќе биде поинаква. Сега подобро ги познавам играчите и клубовите. Подобро се чувствувам, физички и психички. Сега ќе играм на едно повисоко ниво, додаде Ибракадабра.

Преговорите околу кам-бекот на Ибра во редовите на калчо гигантот Милан започнаа во ноември, а “Газета дело Спорт”, пишуваше дека трансферот на Златан е чиста формалност и дека шведскиот интернационалец го очекува само телефонскиот повик од спортскиот директор на “росонерите”, Леонардо.

И покрај одличната понуда за 6-месечна позајмица вредна 2.8 мил. евра, Ибрахимовиќ на крајот реши да остане во редовите на Лос Анџелес Галакси.