Connect with us

Фудбал

Ибра прв пат ја пееше химната на Шведска, а потоа се самопрогласи за крал

Ибрахимовиќ се врати. По пауза од пет години повторно го носеше дресот на Шведска. Неговата репрезентација победи со 1:0 против Грузија, а тој беше асистент. Она што е интересно е тоа што за прв пат ја пееше и националната химна на Шведска.

-Му ветив на селекторот дека ќе ја испеам химната. Ги научив зборовите и пеев, изјави по мечот Ибра.

Тој со 39 години стана најстариот фудбалер кој заиграл за Шведска. Инаку, на социјалните мрежи се само прогласи за крал.