Фудбал
Ибрахимовиќ доби суспензија, а судијата не помина подобро
Златан Ибрахимовиќ беше суспендиран по бизарниот црвен картон против Парма.
Ибрахимовиќ заработи директен црвен картон затоа што му се спротивстави на судијата Мареска, кој исто така ќе мора да се „олади“.
Сè уште не е познато што точно му дофрлил Ибра на главниот арбитер, но тој ќе мора да се помири со суспензијата.
Швеѓанецот ќе паузира два натпревари, но Милан ќе се жали, па постои можност казната да се намали на еден натпревар.
Од друга страна, Марсец нема да биде делегиран во следните неколку кола, а како што стојат работите до крајот на сезоната, тој нема да им суди на „росонерите“.