Фудбал
Ибрахимовиќ ќе ја дочека 40-тата во Милан, следува нов договор
На дербито со Интер и победата од 2:1 се покажа колку е важен Ибрахимовиќ. Не поради двата гола туку поради начинот на кој влијае врз останатите фудбалери и нивната самодоверба.
Тој има 39 години и договор за една сезона, но се чини дека ќе остане подолго.
-Ибрахимовиќ, Донарума и Чалханоглу се многу важни за тимот. Веќе се најавени состаноци со директорите на клубот. Навистина е голема работа да го имате Ибрахимовиќ во тимот. Неговото влијание врз останатите играчи е огромно, изјави тренерот Пиоли.