Connect with us

Фудбал

Ибрахимовиќ: Коронавирусот имаше храброст да ме предизвика, лоша идеја

Милано, 25 септември 2020 (МИА) – Ѕвездата на Милан – Златан Ибрахимовиќ, го даде првиот коментар откако стана јасно дека е заразен со КОВИД-19.

– Вчера дадов негативен тест за КОВИД, а денес – позитивен. Немам никакви симптоми. КОВИД имаше храброст да ме предизвика. Лоша идеја, напиша Златан на Твитер.

Шведскиот напаѓач веќе е во карантин.