Connect with us

Фудбал

„Ибрахимовиќ ми кажа нешто и искрено не можев да го разберам“

Златан Ибрахимовиќ не беше многу среќен што мораше да ја напушти играта во дуелот против Болоња.

Милан славеше со 5:1 во саботата навечер, а Стефано Пиоли го извади Швеѓанецот од игра во 62. минута, кога веќе беше јасно дека победата ќе оди кај домаќинот.

Ибра каков што е, не беше многу среќен, па имаше одредена размена на зборови со Стефано Пиоли пред да замине на клупата.

„Природно е дека тој не сака да биде заменет. Тој ми кажа нешто но искрено не можев да го разберам“, рече Пиоли, пренесува Ројтерс.

„Тој е важен за тимот на теренот, но морам да се обидам да ја задржам вистинската енергија. Играме натпревари секој трет ден. Тој само што се врати по повредата“, додаде Пиоли, чиј Милан има добра шанса да се квалификува за Европа по одлична серија.

Ако играа уште од почетокот на сезоната како по паузата предизвикана од пандемијата на коронавирус, кој знае каде би биле фудбалерите на Милан денес.