Фудбал
Ибрахимовиќ прозбори за преминувањето во Милан
Иако се чинеше дека Златан Ибрахимовиќ својата кариера ќе ја заврши во САД, по се изгледа дека шведскиот напаѓач, сепак, ќе се врати во Европа.
Имено, медиумите во италија пред неколку денови пласираа информација дека за услугите на Ибрахимовиќ се интересира Милан. На почетокот тоа делуваше како една од безбројните новинарски шпекулации, но за кратко време се испостави дека Ибрахимовиќ навистина би можел повторно да заигра на „Сан Сиро“.
„Росониерите“ за шест месеци за Ибрахимовиќ подготвиле хонорар од два милиони евра, а дали дојде до договор или не навистина не е познато.
„Постои интерес, не е тајна дека Милан ме сака. Нема да кажам ни не, ни да. Ќе видиме. Гатусо беше одличен играч, сега е одличен тренер. Се гледа дека играчите го сакаат…“, кажа Ибрахимовиќ, па додаде:
„Но, не би ми сметало уште една година да поминам во Лос Анџелес“.
Ибрахимовиќ претходно за милан одигра 85 натпревари, постигна 56 голови и 24 асистенции. Со Милан го освои скудетото и италијанскиот Суперкуп.