Connect with us

Фудбал

Ибрахимовиќ се сретна со селекторот на Србија, Пикси, па на српски јазик му порача: Да не ти треба играч? (ВИДЕО)

Шведска и Србија одиграа пријателски меч како подготовка за ЕП, кој го доби Србија со 0:3. Пред мечот, во подтрибинскиот простор, легендарниот фудбалер на Шведска, Златан Ибрахимовиќ, чии родители потекнуваат од балканските простори, таткото Босанец, а мајката Хрватка, ги посети фудбалерите на Србија.

Се сретна и со Драган Стојковиќ Пикси, селектор на Србија, легендарен фудбалер уште од времето на Југославија, кој со Црвена Звезда беше европски клупски и светски првак.

На шега, на српски јазик го праша Пикси дали му треба играч.