Фудбал
Ибрахимовиќ стартер, Пиоли едвај успеа да ги состави почетните 11
Милан гостува кај Каљари од 20:45 часот и бара нова победа за да остане сигурно на врвот.
Росонерите играат одлично, освен неодамнешниот пораз од Јувентус, но постојано се борат со повредени или суспендирани играчи.
Неколку навистина важни играчи како Леао, Хернандез, Габија, Бенасер, Ребиќ и Чалханоглу недостасуваат и вечерва, но Ибрахимовиќ се врати и тој ќе биде стартер.
Составот на Милан за мечот со Каљари ќе изгледа вака: Донарума , Калабрија, Кјаер, Ромањоли, Далот, Тонали, Кеси, Кастиљехо, Брахим Дијаз, Хауге и Ибрахимовиќ.
Составот на Каљари: Крањо; Запа, Годин, Цепители, Ликојанис; Переиро, Марин, Данкан, Наинголан, Жоао Педро, Симеоне