Фудбал
Ибраими: Беше тешко да го убедиме Адеми да игра за Македонија, ама успеавме
Интернационалецот Агим Ибраими гостуваше во Куќаѕа на фудбалот на ФФМ, емисија посветена на репрезентацијата каде што збруваше репрезентацијата, сега и во минатото.
-Во македонската репрезентација има врвни фудбалери. Фокусот на фудбалска Европа ќе биде насочен кон играчите и нема поголема мотивација од тоа. Само сакам да им посакам да бидат здрави и подготвени за игра. Верувам во тимот и знам дека ќе се прикажат во најдобро светло. Јас сум еден од нив и со цело срце ќе ги бодрам, вели Ибраими.
Тој откри еден момент кој малкумина го знаат. Со неговиот татко го убедувале Арјан Адеми од Динамо Загреб да заигра за Македонија.
-На почетокот беше потешко. Навистина сакавме Адеми да биде дел од репрезентацијата и со татко ми го убедувавме да дојде затоа што знаевме колку може да помогне. Денес гледаме дека сме биле во право. Тој не сакаше да игра затоа што во тоа време бевме 110. репрезентација, меѓутоа сепак успеавме чекор по чекор. Денес е важен играч во репрезентација, со него на теренот сме многу посилни, вели Ибраими.
Иако малкумина знаат, сепак еве потсетување дека Агим Ибраими и Арјан Адеми се братучеди.
Целата емисија и интервју на Агим Ибраими на следниот ЛИНК.