Connect with us

Фудбал

Играа заедно во Рома: Стар познаник на Џеко пристигнува во Интер

Интер треба да се засили во јануари.

Предводникот на италијанската Серија А е насочен кон фудбалерот на Евертон, Лукас Диње, кој според пишувањата на La Gazzetta dello Sport ќе биде донесен на позајмица во јануари.

Имено, „Карамелите“ за него бараат 25 милиони евра со оглед на тоа дека договорот му истекува дури во летото 2025 година, но Интер не е подготвен да го плати тоа.

„Нероаѕурите“ планираат да го доведат Французинот на позајмица со опција за откуп, а не со обврска за откуп, бидејќи Диње би бил само привремено решение и би бил замена за Иван Перишиќ, кој би имал приоритет во првите 11.

На крајот од сезоната на Хрватот истекува договорот, а раководството на миланскиот клуб како главна цел ја постави продолжувањето на соработката со овој фудбалер, а во случај да не се договорат би посегнале по купување на Диње од Евертон.

Треба да се спомене и дека за Диње е заинтересиран и Наполи, ривалот на Интер во борбата за титулата.

Да потсетиме, Лукас Диње и Един Џеко веќе одиграа заедно, 35 натпревари во Рома во сезоната 2015/16.

Францускиот фудбалер потоа се врати од позајмица во ПСЖ, кој неколку недели подоцна го продаде во Барселона, каде што остана две сезони, по што потпиша за Евертон. Кариерата ја започна во Лил.

Сезонава за тимот од Ливерпул настапи на вкупно 15 натпревари во сите натпреварувања и постигна еден гол.

Реклама

Facebook

Реклама