Connect with us

Фудбал

Играчот на Сити се симна од трибините, а редарите помислија дека е хулиган (ФОТО)

Манчестер Сити во големото дерби од 21-то коло од Премиер лигата го совлада Ливерпул со 2:1 и така го намали заостанувањето зад тимот на Клоп на четири бода.

Сити до предност стигна во 40-тата минута со голот на Агуеро, Фирмино изедначи во 64-тата минута за осум минути подоцна Лерој Сане да обезбеди победа за домаќинот.

После последниот свиреж на судијата избраниците на Гвардиола започнаа да слават, што е сосема нормално. Нив им се придружи Бенџамин Менди кој натпреварот во портакалова јакна го следеше од трибините.

Тој ја прескокна оградата и го прегрна Серхио Агуеро. Редарите кои беа задолжени да нема проблеми помислија дека се работи за хулиган. Тргнаа по него, но тука беше Рахим Стерлинг да им објасни за кого се работи. 

SPORTSKI.MK