Фудбал
Играчот на Тотенхем го спаси животот на навивачот на Њукасл: „Го видов како лежи и се тресе“
Тотенхем вчера го победи Њукасл со 3:2 на гости во натпреварот од осмото коло на англиската Премиер лигата.
Тотенхем ја прекина лошата серија на резултати и вчера по пресврт успеа да слави со 3:2 на „Св. Џејмс Парк“.
Навивачите можеа да гледаат одличен натпревар на овие клубови, но на крајот од првото полувреме се случи голема трагедија на овој стадион кога се разболе еден од навивачите на домашниот тим.
На крајот од првото полувреме, судијата го прекина натпреварот и ги испрати играчите во соблекувалната откако на еден од навивачите му се слоши. Итната помош истрча на терен и се упати кон трибината каде што беше навивачот, и тие го реанимираа.
За среќа, успеале да го вратат во живот, а навивачот потоа бил префрлен во болница, каде што во моментов се наоѓа во стабилна состојба и е надвор од животна опасност.
Херој на сето тоа беше играчот на лондонскиот клуб Серхио Регилон, кој со брза реакција го спаси животот на овој навивач.
Шпанецот виде дека нешто чудно се случува на трибините и сфати дека еден навивач не е добро. Тој веднаш истрча кај судијата да му каже што се случува и побара од нив веднаш да испратат медицинска екипа кај тој навивач.
Судијата го послуша и реагираше веднаш што на крајот го спаси животот на навивачот на Њукасл. По натпреварот, Шпанецот објасни што се случува.
“Го видов навивачот како лежи и се тресе и бев многу нервозен поради тоа. Отидов кај судијата и му реков да го прекине натпреварот. Погледнаа што се случува и го прекинаа натпреварот. Слушнав дека е добро и тоа е најмногу важна работа. Јас сум навивач. Ги слушнав како велат дека натпреварот треба да се прекине и видов што се случува и веднаш отидов кај судијата да го прекине натпреварот и да испратам помош на навивачот“, изјави Регилон.
? "I went to the referee and said 'look at this – stop the match'"
Sergio Reguilon explains what happened as a fan required medical assistance during Newcastle's match against Tottenham.
The supporter is is now "stable and responsive" in hospital.pic.twitter.com/L9ayEFESSX
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) October 18, 2021