Connect with us

Фудбал

Играл лошо во одбрана, па соиграчите го претепале до смрт!

Неверојатна ситуација се случила во Уганда. Момче кое имало 22 години било нападнато од страна на неговите соиграчи. Станува збор за фудбалерот Черчил Оваци, кој играл за локален тим во областа Ламбо, Северна Уганда. Според локалните власти причината за физичкиот напад била тоа што одиграл лошо во одбраната и тоа за време на пријателски меч помеѓу две локални екипи. Тој направил грешка, неговиот тим примил гол. Потоа настанал инцидент на теренот, го нападнале, но ситуацијата се смирила. По мечот имало нов инцидент, во кој тој бил претепан до смрт.

Бил пренесен со тешки повреди во најблиската болница, но подоцна им подлегнал на повредите.

Портпаролот на регионалната полицја Џими Патрик Окема го потврди инцидентот, кој е регистриран во полициската станица Агоро, а сите осомничени биле приведени.