Фудбал
Играше и против Меси и против Роналдо, но се знае кој беше најтешко да се задржи
Трент Александер-Арнолд и оваа сезона пружа одлични игри во дресот на Ливерпул.
Александер-Арнолд веќе неколку сезони има „зацементирано“ место во првиот тим на Ливерпул, а јасно е дека е многу важен дел од тимот на Јирген Клоп.
За многумина Александар-Арнолд е еден од најдобрите десни бекови во Европа во моментов, а не е јасно дека нема таков статус во репрезентацијата на Англија како во Ливерпул.
23-годишниот фудбалер во досегашниот дел од сезоната забележа 12 настапи за „црвените“ и веќе има дури седум асистенции, а успеа да постигне и еден гол.
Александер-Арнолд во интервју за англиските медиуми зборуваше за својата досегашна кариера и одговори на прашањето кој е најдобриот играч против кој играл и кој најтешко се задржал.
„Можеби тоа е Кевин де Брујн кога ќе размислам колку пати сме играле против Манчестер Сити. Но вака на почетокот можам да кажам дека најдобриот против кој сум играл е Еден Азар бидејќи е речиси невозможно да го задржиме. Тој има брзина, техника и неверојатна фудбалска интелигенција… Тој е малку понапред од Де Брујн“, изјави Александар-Арнолд.
Тој имаше можност во кариерата да игра против Лионел Меси како и Кристијано Роналдо, но Азар му остави највпечатлив впечаток.