Connect with us

Ракомет

Играше за машкиот, а сега ќе игра женскиот ракометен тим на Австралија

Интересна приказна ни доаѓа од Австралија, а во неа станува збор за ракометарот Калум Монси. Имено, тој играше за селекцијата на Австралија на Мундијалот 2013 година што се одржа во Шпанија, а шест години подоцна повторно ќе се појави на Мундијал, но како член на женската селекција, откако пред две години го промени полот.

Калум сега се вика Хана, а покрај се има голема страст за ракометот. Иако одамна имаше желба да игра за женскиот ракометен тим (на квалификацискиот турнир за Олимписките игри вo Рио), но Меѓународниот олимписки комитет побара хормонска терапија од една година пред да даде дозвола. Во април година почна да тренира со женската селекција, а дебито го имаше на Азиските игри на кои постигна 23 гола, а Австралија заврши на петтото место.

Нејзината конституција е приметна, висока е 188 сантиметри и тешка 100 килограми. Има 28 години и игра за Мелбурн.