Connect with us

Фудбал

Икарди: Ако ме бара Реал? Нема да се јавам

Најдобриот фудбалер на Интер, Мауро Икарди ја отфрли можноста да направи трансфер во Реал Мадрид.

Голгетерот на „неро-азурите“ на сликовит начин објасни како ќе реагира кога ќе добие повик од „кралскиот“ клуб.

-Доколку ми се јави некој од Реал, нема да одговорам на повикот. Немам што да додадам. Сите ги знаат моите желби, изјави Икарди.

24-годишниниот капитен на Интер со клубот има договор до 2021 година и откупна клаузула од 110 милиони евра.