Connect with us

Фудбал

Илајкс Мориба по шест месеци се враќа во Шпанија

Младиот играч за врска Илајкс Мориба најверојатно ќе го напушти Лајпциг по само половина година.

Мориба летово потпиша за Лајпциг каде пристигна од Барселона за 16 милиони евра, но не одигра премногу за германскиот клуб во првиот дел од сезоната.

19-годишниот фудбалер привлече големо внимание минатото лето кога ги изненади сите со одлуката да не го продолжи договорот со Барса, а каталонскиот клуб потоа го исфрли од првиот тим и го врати во јуниорите.

Мориба реши на крајот да ја напушти Барса и да замине во Лајпциг, што беше изненадувачка одлука со оглед на тоа што беше јасно дека во каталонскиот клуб ќе има многу простор за игра доколку го продолжи договорот, но тој не го стори тоа.

Неговите менаџери побарале од Жоан Лапорте огромни пари за да останат, а претседателот на Барселона веднаш одбил. Мориба замина во Лајпциг, но се покажа дека тоа не е најдобрата одлука.

Во првиот дел од сезоната одигра само шест натпревари и многу се шпекулира дека Лајпциг ќе го испрати на позајмица.

Фабрицио Романо објави дека Лајпциг е во преговори со Валенсија која сака да го доведе младиот играч за врска на позајмица до крајот на оваа сезона. Клубовите преговараат за неговата плата, но се очекува на крајот Мориба да дојде на Местаља.