Connect with us

Други спортови

Или 30 милиони за Хабиб или ќе нема реванш со Мекгрегор

Таткото на шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, Абдулманап, изјави за руските медиуми дека од УФЦ им понудиле 15 милиони да прифатат реванш со поранешниот шампион Конор Мекгрегор. Во моментов двајцата се казнети од Атлетска комисија на Невада и во јануари ќе дознаат колку време ќе трае нивната суспензија како и глобата што треба да ја платат. Абдулманап е подготвен да го прифати реваншот со Мекгрегор, но само за 30 милиони.

  • Хабиб има три или четири борби и завршува со ММА. Ова се нашите планови. Од УФЦ ни понудија реванш меч против Мекгрегор за 15 милиони, но ние сакаме 30 милиони. Конор подготвени сме за реванш, но ако го сакаш – сакаме 30 милиони, изјави Абдулманап.

За првата борба Конор изјави дека заработил над 50 милиони, а УФЦ успеа да продаде близу 2,5 милиони платени гледања. Настанот собори многу рекорди и нема сомнение дека реваншот ќе се продава уште повеќе. Но, сега се е во рацете на Дан Вајт, кој мора да одлучи дали ќе го одврзе ќесето.

Инаку, на борбата која беше пред неколку месеци, Хабиб со гушење го победи Ирецот, а по борбата се обиде да се пресмета и со тимот на Мекгрегор, поради што ќе добие драконска казна од страна на УФЦ организацијата. Тој во јануари, кога воедно е и конечната пресуза за немилиот настан, може да биде суспендиран на неколку месеци од страна на УФЦ организацијата.