Фудбал
Илија Несторовски ќе донира 2.000 евра за прилепската болница!
Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски, кој настапува за италијанскиот калчолигаш Удинезе, ќе донира 2.000 евра за општата болница„ Борка Талески“ од Прилеп.
„Фудбалскиот репрезентативец Илија Нестороски донира за Прилепската болница. Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Нестороски,кој настапува за италијанскиот калчолигаш Удинезе,ќе донира 2.000 евра за Општа болница„ Борка Талески“ Прилеп. Нестороски е неколку кратен спортист на Прилеп и последниве години најдобар представник на прилепскиот спорт во меѓународни рамки кој неколку години настапува во Италија. Поради пандемијата на Ковид 19 вирусот,Нестороски е сам во Удине каде неодамна го прослави 30тиот роденден а сопругата и децата се во неговиот роден град Прилеп…“, напишаа на профилот на болницата.
Фудбалскиот репрезентативец Илија Нестороски донира за Прилепската болницаМакедонскиот фудбалски репрезентативец Илија…
Gepostet von Општа Болница – Прилеп am Freitag, 27. März 2020