Connect with us

Други спортови

Илка Штухец триумфираше во Вал Гардена

Словенечката скијачка Илка Штухец триумфираше на трката во спуст во Вал Гардена, во рамки на Светскиот куп. Таа оствари најдобро време од 1:22,81 минути и финишираше пред Никол Делаго од Италија и Швајцарката Рамона Зибенхофер. За Штухец ова е прв триумф сезонава, а вкупно 14. подиум во кариерата.

Водечката во генералниот пласман во спуст Никол Шмидхофер (226 бодови) од Австрија во италијанскиот ски-центар заврши на десеттото место, Штухец е втора во спуст со 158 бодови, додека трета е Михаела Жисин со 153 бода. Во генералниот пласман води Микаела Шифрин со 689 бодови, додека Жисин има 309, а трета е Мидхофер со 289