Connect with us

Фудбал

Има откупна клаузола од 100 милиони евра, а никој нема слушнато за него

Во Барселона, на крајот на изминатата сезона одлучиа да се базираат на тоа да ги продолжат договорите со играчите како би ја обезбедиле иднината, но исто така да го наградат и фудбалерот од Ла Масија со првиот професионален договор.

„Каталонскиот“ клуб потврди дека Ричард Пуиг потпиша три годишен договор со Барселона и дека тоа е награда за неговите одлични настапи во Ла Масија. Пуиг одушеви и во минатата сезона предводејќи ги јуниорите на Барселона до титулата во Лигата на шампионите и ја доби вистинска награда за тоа.

Овој 18-годишен фудбалер од средниот ред, со Барселона потпиша на три годишна соработка со можност за продолжување на соработка за уште две сезони. Сепак, она што ги изненади многумина е тоа што Барса стави откупна клаузула и во неговиот договор која изнесува високи 100 милиони евра.

Очигледно е дека во Барселона не сакаат да ја направат истата грешка како со Нејмар, кој замина од клубот врз основа на откупната клаузула која изнесуваше 222милиони евра, па сега сакаат да се осигураат кога се во прашање и младите фудбалери на овој тим. Пуиг ќе игра за Баса Б, но ќе има шанса да се „проба“ и во првиот тим.