Connect with us

Фудбал

Името го добил по славниот Чави, голема фудбалска надеж, но Барселона го загуби поради ПСЖ

Холандската фудбалска надеж Чави Симонс синоќа беше на клупата на ПСЖ против Ленс, но не доби шанса за настап. Со шест години замина во славната школа на Барса, Ла Масија. Неговиот татко Реџилио Симонс има фудбалска кариера, а беше и тренер на младинскиот тим на Ајакс.

Контроверзниот фудбалски менаџер Мино Рајола во неговиот живот влегува во 2016-та година, а три години подоцна фудбалскиот свет беше шокиран, кога Симонс заминува од Барселона и се сели во ПСЖ бидејќи иако не е полнолетен, доби плата поголема 10 пати од онаа во Барса.

Поради отсуство на неколку првотимци, Томас Тухел смета на неговите услуги во овие воведни неколку кола. Дали ќе ја искористи шансата и ќе покаже дека е вистински наследник на Чави, чие име го носи, останува да се види.

Инаку, во Барселона имаше навистина огромен учинок. Во сезоната 2016/2017 во тимот за играчи до 14-години беше главен и ја освоија титулата без пораз со гол разлика 164-14. Таа година беше прогласен за најдобар играч во лигата за играчи до 14 години.

loading...

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com