Фудбал
Императорот е друга личност: Дрогата, лесните жени и оружјето се минато, тој има нова „занимација“
Ниту еден фудбалски талент не потонал како Адријано Леите Рибеиро, секако еден од најдобрите напаѓачи во својата генерација.
Адријано поради разорниот удар и силата стана омилен играч на многу фанови на популарната фудбалска компјутерска игра Pro Evolution Soccer, па токму поради него многумина го избраа Интер.
На почетокот на овој век го носеше дресот на „Нероазурите“ и беше предодреден за нешто големо, но смртта на неговиот татко во 2004 година засекогаш му го промени животот.
Оттогаш почнал да има големи проблеми со алкохолот. Лесните жени станаа негова омилена мета, знаеше да се фотографира со оружје во рака. Тој се прости од фудбалот во мај 2016 година.
Тој се пензионираше со 14 трофеи, вклучувајќи ја Копа Америка во 2004 година и четири Скудета. Двапати беше меѓу седумте најдобри кандидати за освојување на Златната топка.
Ex-Brazil & Inter Adriano flogs £1.2m mansion and checks into luxury £10k-a-month presidential suite of luxury hotel Grand Hyatt taking just his trophies
Adriano pictured with Brazilian legend Ronaldinho
He scored 27 in his 48 int’l caps, last playing for his country in 2010. pic.twitter.com/FMlTlYUCC4
— Lilian Chan (@bestgug) March 12, 2021
Адријано неодамна пишуваше за „Player’s Tribune“ за неговиот живот и како смртта на неговиот татко практично ја заврши неговата кариера кога тој имаше само 22 години.
„По тој ден, мојата љубов кон фудбалот никогаш повеќе не беше иста. Тој ја сакаше играта, исто и јас. Беше едноставно. Кога играв фудбал, играв за моето семејство. Кога постигнував голови, го правев тоа за моето . семејство“.
„Бев на другата страна на светот, далеку од семејството и не можев да го прифатам тоа. Бев толку депресивен. Многу размислував. Не сакав ни да тренирам. Немаше врска со Интер, јас само сакав да си одам дома“.
Brazil and Inter legend Adriano was evidently emotional after finding out about his induction into the Maracana Stadium Walk of Fame.
He joins fellow Selecao greats Ronaldinho, Pele, Romario, Zico and Garrincha in receiving the honour.
RESPECT! pic.twitter.com/2Z8WYu1AjV
— Football Trolls (@FootballlTrolls) May 6, 2021
Сега овој 39-годишник живее горе-долу нормален живот. Ја продал својата вила вредна 1,2 милиони фунти. Тој остави се зад себе освен трофеите.
Тој живее во луксузен хотел во елитниот кварт на Рио Де Жанеиро, каде месечна кирија чини речиси 15.000 евра. Вози скутери со пријателите и дели бесплатни хамбургери со локални момчиња.
„Одвреме-навреме организира некои забави, но многу е потивко. Беа целосно луди, постојано влегуваа и излегуваа десетици луѓе, станарите постојано му се жалеа на менаџерот. Сега тој се смири, тој е добро момче сега“, рекол еден од неговите соседи.
View this post on Instagram
Се вратив во Бразил и се откажав од милиони, но заработив среќа“, изјави еднаш бразилскиот ас, кој можеби не стана успешен фудбалер како што се очекуваше, но секако ги придоби симпатиите на милиони фанови ширум светот.